УЕФА ги предупредува клубовите за превисоките плати на играчите
Во својот најнов Извештај за лиценцирање клубови, УЕФА предупреди на зголемување од 6,5 отсто на платите во врвните клубови оваа сезона во однос на претходната, кога тие потрошија 18 милијарди евра за плати, пренесе „Марка“.
- Иако се чини дека повеќето клубови одговорно управуваат со зголемувањата на платите на играчите, другите трошоци рапидно се зголемуваат, ставајќи поголем притисок на оперативните маржи од кога било досега. Клубовите мора да останат внимателни бидејќи има уште многу работа да се направи за да се врати профитабилноста пред коронавирусот. Интересот за европскиот фудбал никогаш не бил поголем, со рекордна посетеност низ Европа, нагласи претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
Иако клубовите се обидуваат да останат во рамките на финансискиот фер-плеј, платите се неодржливи во неколку лиги. Белгиските и турските клубови апсорбираат меѓу 86 и 88 отсто од приходите, додека грчките клубови апсорбираат дури 98 отсто. Од друга страна, италијанските клубови го намалија тој процент од 83 на 66 отсто од приходите, а француските од 89 на 78 отсто.
Пари Сен Жермен троши најмногу за плати во Европа – 658 милиони евра. Следни се Манчестер Сити со 554, Реал Мадрид со 505, Барселона со 476, Ливерпул со 449, Баерн со 430, Манчестер Јунајтед со 429 милиони евра…
Манчестер Јунајтед, Арсенал и Реал забележаа оперативен профит во 2024 година од над 50 милиони евра, додека ПСЖ, Челси, Ајакс и Лион пријавија загуби од повеќе од 50 милиони евра.
Ново на Сител
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП