УЕФА ги предупредува клубовите за превисоките плати на играчите
Во својот најнов Извештај за лиценцирање клубови, УЕФА предупреди на зголемување од 6,5 отсто на платите во врвните клубови оваа сезона во однос на претходната, кога тие потрошија 18 милијарди евра за плати, пренесе „Марка“.
- Иако се чини дека повеќето клубови одговорно управуваат со зголемувањата на платите на играчите, другите трошоци рапидно се зголемуваат, ставајќи поголем притисок на оперативните маржи од кога било досега. Клубовите мора да останат внимателни бидејќи има уште многу работа да се направи за да се врати профитабилноста пред коронавирусот. Интересот за европскиот фудбал никогаш не бил поголем, со рекордна посетеност низ Европа, нагласи претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
Иако клубовите се обидуваат да останат во рамките на финансискиот фер-плеј, платите се неодржливи во неколку лиги. Белгиските и турските клубови апсорбираат меѓу 86 и 88 отсто од приходите, додека грчките клубови апсорбираат дури 98 отсто. Од друга страна, италијанските клубови го намалија тој процент од 83 на 66 отсто од приходите, а француските од 89 на 78 отсто.
Пари Сен Жермен троши најмногу за плати во Европа – 658 милиони евра. Следни се Манчестер Сити со 554, Реал Мадрид со 505, Барселона со 476, Ливерпул со 449, Баерн со 430, Манчестер Јунајтед со 429 милиони евра…
Манчестер Јунајтед, Арсенал и Реал забележаа оперативен профит во 2024 година од над 50 милиони евра, додека ПСЖ, Челси, Ајакс и Лион пријавија загуби од повеќе од 50 милиони евра.
Ново на Сител
-
ИДФ: Околу 900.000 Палестинци евакуирани од градот Газа
-
Сирија ги одржува првите избори по падот на Ал-Асад
-
Американски федерален судија привремено го блокира Трамп да испраќа војници во Портланд
-
Нетанјаху се надева дека сите заложници наскоро ќе бидат ослободени
-
Радев по телефонскиот раговор со Сиљановска Давкова: РСМ е подготвена да ни помогне во справувањето со последиците од поплавите
-
Една недела од изборната кампања за Локалните избори
-
Семакедонски православен христијански собор во Велес
-
Трамп: Примирјето во Газа ќе започне откако Хамас ќе ја потврди линијата на повлекување на израелската војска