Учество на министерот Муцунски на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите - членки на НАТО
На покана на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, што се одржа во Брисел, во седиштето на НАТО Алијансата.
Во рамките на сесијата посветена на југот, во присуство на кралот на Јордан, Абдула Втори, министерот Муцунски, во име на нашата држава и земјите од регионот, Албанија, Хрватска и Црна Гора, ги пренесе ставовите за важноста која Алијансата ја дава на овој значаен регион за НАТО, особено на Јордан како близок партнер на Алијансата.
Министерот ја истакна потребата од поблиска соработка во справувањето со заедничките предизвици и закани, како што се тероризмот и одржувањето на стабилноста во регионот. Тој ја акцентира важноста од отворањето на Канцеларијата за врски на НАТО во Аман, што ќе даде нов поттик во односите помеѓу НАТО и Јордан, како и дополнителна вредност за развојот на партнерските односи со земјите од Јужното соседство.
Министерот Муцунски се обрати и на Советот НАТО – Украина, на кој учествуваа новиот министер за надворешни работи на Украина, Андри Субиха, и високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Маја Калас. Во своето обраќање, министерот ја потенцираше важноста од продолжување на поддршката што земјите, индивидуално и заеднички во рамките на Алијансата, ја даваат на Украина.
Тој ја истакна нашата недвосмислена определба за севкупна поддршка на Украина во нивната борба за обезбедување на мирот, независноста, територијалниот интегритет и суверенитетот. Притоа, ја нагласи потребата од реализација на реформските напори на Украина, преку имплементација на зацртаните приоритети што ќе овозможат целосна интероперабилност со земјите членки на НАТО, со цел понатамошна евро-атлантска интеграција на земјата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ива Ненадиќ, координатор на центарот за медиуми при Европскиот универзитетски институт
-
Обвинители вршат надзор над работата на обвинителството за организиран криминал и корупција
-
69-годишна жена загина, а 9-годишно дете се бори за живот на Клинички по пад од шести кат
-
Родители најавија бојкот на настава во „Лазо Ангеловски“, МОН смета дека со случајот се претерало
-
Комплексни лозинки за да нема упад во е-дневник во училиштата!
-
И власта и опозицијата не прифаќаат пензионирање на 67 години
-
Новогодишните куќарки пристигнаа на плоштадот, Арсовска пак крие кој и за колку пари ќе украсува
-
Преку зголемена транспарентност и политичка комуникација до одговорни институции