Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ - „Ревитализација на хидроелектраните - фаза 3“, со кој официјално беше означен почетокот на реализацијата на новата фаза од модернизацијата на хидроенергетските капацитети во државата.
Мицкоски истакна дека проектот ќе овозможи модернизација на значаен дел од производствените капацитети на АД ЕСМ, особено хидроелектраните, што, како што рече, ќе придонесе за зголемување на производството на електрична енергија и на уделот на обновливите извори во производното портфолио на компанијата.
- АД ЕСМ ќе може во периодот што следува голем дел од своите производствени капацитети, особено кога зборуваме за хидроелектраните, да ги модернизира, а со самата модернизација да се зголеми практично и произведената количина електрична енергија, со што ќе го зголеми производното портфолио на АД ЕСМ во делот на обновливата енергија - рече Мицкоски.
Посочи дека за третата фаза од рехабилитацијата на хидроцентралите се разговарало уште во периодот кога бил директор на АД ЕЛЕМ истакнувајќи дека во меѓувреме немало напредок во реализацијата на проектот.
- Можам да се сетам дека за оваа фаза на рехабилитација на хидроцентралите зборувавме уште во времето кога јас бев директор на АД ЕЛЕМ. За жал, одреден период немаше напредок. Добро е што денеска раководството на АД ЕСМ заедно со финансиските институции што го обезбедија финансирањето на овој проект, нешто преку грант, нешто преку, би рекол, поволен кредит, ќе овозможат зголемување на портфолиото на производството на АД ЕСМ во делот на обновливите извори на енергија, во делот на хидропотенцијалот, а со тоа ќе се обезбеди квалитетна електрична енергија. Кога зборувам квалитетна, тука мислам на енергија што може да врши секундарно и терцијално користење во рамките на системот - посочи Мицкоски.
Тој изрази очекување ваквите проекти да продолжат и истакна дека Владата се стреми кон постигнување нула нето-разлика меѓу произведената и потрошената електрична енергија.
- Одиме во насока на целта на оваа Влада да бидеме нето-нула кога ќе се направи одземање, односно разлика на произведената и потрошената електрична енергија. Веќе неколку месеци се движиме над или околу 95 отсто, што значи полека но сигурно се ближиме кон целта, а тоа е да бидеме нето-нула на крајот од годината и јас веќе мислам дека в година дури и ќе имаме одредени вишоци - додаде Мицкоски.
MИА
Ново на Сител
-

Срдановиќ ги најави следните чекори: Членство во ЕУ, закон за лустрација и дијалог за Косово согласно Уставот на Србија
-

Ѓорѓиевски: Редовна акција за темелно чистење на плоштадот „Македонија“, повторно оживува и подната фонтана
-

Срдановиќ: Нема да ги злоупотребуваме отворените прашања со Хрватска
-

Видливи повреди забележани кај ученичка од основно училиште во Велес - МВР го расчистува случајот
-

Кривична за 19-годишен скопјанец - вонбрачно живеел со малолетно девојче
-

81-годишна жена починала откако била прегазена од автомобил
-

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу
-

Николоски за проблемот на транспортерите: Можеме да одржуваме одлични конференции, но ако останеме затворени, беспредметен е секој разговор
