Ученик во второ одделение и лаборант заболени од Ковид-19 во Тиквешко
Второодделенец и здравствено лице се заболени од Ковид-19 во Тиквешко. Една жена почина во скопска болница, а девет нови позитивни случаи се регистрирани за 24 часа, потврди за МИА доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
– Имаме седум нови случаи во Кавадарци и два во Неготино. Починатата со коронавирус е на возраст од 55 години. Новозаболените се на возраст од седум до 66 години. Од нив пет се од машки, а две лица од женски пол. Само едно лице нема симптоми. Петмина претходно имале контакт со позитивно лице, а четворица не знаат каде се заразиле, појасни докторот.
Второодделенецот бил позитивен откако имал контакт со позитивна наставничка, но позитивен случај имал и во семејството. Новозаболен бил и еден лаборант.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата
-
Мицкоски: Ако има зголемени цени, можно е враќање на замрзнатите маржи
-
Врховен суд ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици
-
Основните и средни училишта во Кочани должат 10,5 милиони мкд кон КПЈ „Водовод“
-
Преглед на вестите од светот
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ