Ученици одгледуваат брзорастечки дрва во Неготино
Младите биолози-ученици од Еко-одборот на ООУ „Страшо Пинџур", кои во соработка со Здружение на граѓани „Ековита", во паркот на споменикот на паднатите борци во Неготино, засадија брзорастечки дрва-пауловнија.
По повеќе од две години откако ги посадија, учениците денеска беа на лице место за да го согледаат напредокот од нивната грижа.
- Садниците се засадени пролета 2013година, а есента истата година достигнаа 3.5 метри височина, вели за МИА Сашко Тодоров, претседател на „Ековита".
Пауловнијата освен за индустриско одгледување, се одгледува и како медоносно растение. Цвета обилно од третата година, богато е со нектар, а медот добиен од него е исклучително квалитетен.
Обилнoто цутење, брзото растење, големите (околу 70 см во дијаметар) лисја, убавата круна на пауловнијата, ја прават исклучително погодно растение за паркови.
- Огромните лисја на пауловнијата делуваат и како филтер за прашината, а брзиот метаболизам, резултат на најбрзиот раст на дрвото, го прави фабрика за кислород, што од еколошка гледна точка е важно за урбана средина, нагласува Тодоров.
Пауловнијата е пригоден помошник за изградбата на појаси за заштита од ветер, обновување на опожарени шуми и како насади против ерозија.
- Младите биолози од ООУ „Страшо Пинџур" и нивната професорка по биологија Магдалена Ристова, заедно со нас, го следат развојот на овие опитни растенија, Paulownia elongata (индустриски вид) и Paulownia tomentosa (декоративен вид), како се развиваат и прилагодуваат на условите на нашето поднебје, додава Тодоров кој е биохемичар.
Тој посочува дека сега направија истражување во поглед на големината на дрвцата која што достигна 10метри, градбата на плодот, семето,зачетоците на идните цветови, стеблото и листовите.
- Ова ќе бидат идните прекрасни цветови,чии зачетоци се веќе формирани, нагласи Тодоров.
Ново на Сител
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Не успеа обидот на ДУИ за надзорна расправа за Кочани
-
Тошковски за ДУИ, СДСМ и Левица – политички паразити на кои им пречи расчистување со криминалот
-
Шест закони под лупа на антикорупциска
-
Таравари: Ќе има одговорност ако се утврдат пропусти кај третманот на 57 годишниот пациент кој почина на Кардиохирургија
-
Финансиска полиција и ОЈО ја тресат ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп