Ученици од средното училиште „Коле Нехтенин“ беа на обука за заварување во Португалија

Седуммина ученици од средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ од Штип беа на обука за заварувачи во Портогалија, во рамки на програмата Еразмус плус, што го реализира штипскиот отворен граѓански универзитет „Ванчо Прќе“.
Трајче Петров од отворениот граѓански универзитет „Ванчо Прќе изјави дека во проектот биле опфатени три средни училишта од Штип, Свети Николе и Кавадарци.
– Беа опфатени 22 ученика, кои 15 дена беа на обука во Португалија. Во рамките на самата обука тие се сретнаа со нови знаења и вештини, вели Петров.
Учениците од втора, трета и четврта година од машинската струка во СОУ „Коле Нехтенин“ велат дека обуката била големо искуство, но и можност да покажат што знаат од практичната настава во нивното училиште. Двајца ученици веќе добиле и понуда за работа во фабриката, каде имале обука во португалскиот град Брага,
– Тоа што го научив во Португалија ќе го пренесан на моите другари во училиштето, вели ученикот Дарио Јованов.
– Се надевам дека ваквото искуство што го стекнавме ќе може да се повтори и за некои други ученици во наредните години, вели ученикот Лука Стојменов.
Професорот во машинската струка Даниел Ѓеоргиев забележа дека учениците биле подготвени да покажат што знаат, но и да научат како се работи во големи фабрики.
-Таму бевме во фабрики 10 дена каде што работеа нашите ученици, во фабриките за заварување, вели Ѓеоргиев.
Директорот на СОУ „Коле Нехтенин“-Штип, Дејан Павлов истакна дека преку ваквите проекти се афирмира училиштето, а покажaното знаење е потврда за квалитетната пракса.
– Целта е практичната настава да биде на повисоко ниво, вели Павлов.
Ново на Сител
-

Чучуљ: Ја поздравуваме секој иницијатива за борба против корупцијата, ќе постапуваме секаде каде има основ
-

МВР: Поведена прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме
-

ЦУК: Соработка со САД за унапредување на националната и колективната отпорност
-

Индија и Русија целат кон 100 милијарди долари билатерална трговија до 2030 година
-

Иницијативата на НАТО за оружје за Украина сега има 21 членка, инвестициите достигнаа 4,18 милијарди долари
-

Бундестагот го одобри пензискиот пакет и покрај внатрешните превирања во коалицијата
-

Донесени измените на законот за градење, приклучување на новите градби на парно греење онаму каде има можности
-

Најмногу дожд во Демир Капија и Маврови Анови
