Ученици од Кавадарци победија на државен натпревар со иновација за оценување знаења во образование
Ученици од Кавадарци победија на државниот натпревар за претприемништво и иновации UPSHIFT 2019, со иновација за оценување знаења во образование.
Чулева Невенка, Панова Викторија, Кире Милков и Илија Јованов се млади претприемачи, под менторство на професорот Димитрија Ангелков од СОУ Киро Спанџов-Брко, електромашинското училиште.
Професорот Ангелков денеска во изјава за МИА информираше дека со поддршка на SEED Фондацијата и Фондот за иновации, овие ученици креираа систем за испрашување и оценување на знаењето на учениците во реално време.
-Тие сакаат да придонесат за подобрување на квалитетот на образованието не само во училиштето во Кавадарци, туку на ниво на цела држава. Начинот на функционирање на ова иновативно решение е брз и едноставен, рече Ангелков.
Во моделот се употребени безжични уреди за далечинска контрола кои ќе ги користат сите ученици за истовремено да одговорат на прашањето кое е прикажано на екран.
-Секој далечински управувач има свој код, а со тоа добиваме брз и точен резултат за нивото на знаење на секој од учениците во реално време и за секоја наставна единица. Овој уред има широка примена како на пример во автошколи, при гласање, за правење на анкети, тестови за полагање на возачки испит, интерактивни и едукативни квизови, појаснија учениците.
Најевтини вакви системи во светот чинат 1.500 евра, а кавадаречкиот производ чини само двеста евра.
-Ова го унапредува нашиот образовен систем и придонесува за транспарентно оценување, додаде професорот.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце