-->
-->
Убиено 22-годишно момче во тепачка меѓу две семејства во Струмица
-->
22-годишно момче вчеравечер е убиено во Струмица во тепачка меѓу две семејства што се случи во Турското маало на улицата „Бетовенова“, а еден шеснаесетгодишен малолетник е повреден, како и две жени.
Веста ја потврди директорката на струмичката болница, Катерина Кузмановска, која информираше дека момчето било прободено и било донесено мртво во болницата, додека повредените се надвор од животна опасност.
Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, пријавен e инцидент на улица „Бетовенова“ во Струмица, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Од полицијата повеќе информации за настанот најавуваат за денес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
120 доброволци се обучуваат за справување со пожари
-
Национална стратегија за заштита од пожари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии