Свет
1. May 2025 - 8:05

Убиен пратеник во Кенија

Кенискиот пратеник Чарлс Онг’ондо Вер е застрелан денеска во Најроби, објавија локалните медиуми.

Според изјави на сведоците, тој бил застрелан околу 19:30 часот по локално време од двајца напаѓачи на мотоцикл, објави веб-страницата Citizen.digitalnews.

Еден од напаѓачите пукал од блиску во пратеникот, нанесувајќи му смртоносни повреди.