-->
-->
Убедлива победа на Галатасарај против Гран Канарија
-->
Кошаркарите на Галатасарај остварија убедлива победа со 14 поени разлика против шпанската екипа Гран Канарија во првиот полуфинален натпревар од Еврокупот. На средбата одиграна вчеравечер во Истанбул, Галатасарај забележа триумф со 89:75 (по четвртини 25:24, 24:18, 24:14 и 16:19).
Најдобри во победничката екипа беа, Чак Дејвис кој оствари дабл-дабл учинок од 18 поени и 10 скокови, Ерик Меколум кој исто така постигна 18 поени и српскиот интернационалец Владимир Мицов кој средбата ја заврши со 15 поени, шест асистенции и 4 скокови.
Кај гостите од Шпанија, најефикасен беше репрезентативецот на Словенија, Анел Омиќ со 15 поени.
Во првиот меч од полуфиналната рунда одигран во вторникот меѓу Стразбур и Тренто победа забележаа гостите од Италија со 74:68.
Реванш натпреварите ќе се играат на 6 април, а финалните дуели се закажани за 22 и 27 април
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: САД немаат ништо со нападот врз Иран
-
Херцог жали за жртвите од иранскиот ракетен напад: Многу тажно и тешко утро
-
Три сообраќајки вчера во Тиквешијата
-
Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени
-
Смртниот биланс од иранските напади врз Израел се искачи на 10 лица
-
На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава
-
Ирански ракетни напади врз Израел: Осум загинати, над 100 повредени
-
Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка