Пентагон: Во Израел почнаа да пристигнуваат компоненти за напредниот американски противракетен систем
Пентагон денеска соопшти дека во понеделник во Израел почнале да пристигнуваат компоненти за напредниот американски противракетен систем „ТХААД“(THAAD) кој ќе биде целосно оперативен во блиска иднина.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
„Во текот на следните денови, дополнителен американски воен персонал и компоненти на батеријата „ТХААД“ ќе продолжат да пристигнуваат во Израел“, рече портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Пет Рајдер.
Пентагон во понеделникот соопшти дека САД ќе испратат напреден противракетен систем до Израел и американските војници кои ќе бидат стационирани во земјата за да го управуваат системот и истовремено за да ја зајакнат израелската противвоздушна одбрана по ракетните напади од Иран.
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека испраќа одбранбен систем во Израел.
Рајдер рече дека распоредувањето на противракетниот систем ТХААД треба да го зајакне израелскиот систем за воздушна одбрана.
Тој истакна дека испраќањето на системот во Израел е дел од пошироките напори на американската војска во последните месеци да ја поддржи одбраната на Израел и да ги заштити Американците од нападите на Иран и иранските милиции.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи во понеделникот предупреди дека САД ги ставаат на ризик животите на своите војници кога ги распоредуваат да управуваат со американските противракетни системи во Израел. Иран нема црвени линии во одбрана на својот народ и интереси“, напиша Аракчи на платформата Икс.
Иран лансираше ракети и беспилотни летала кон Израел во април и истрела повеќе од 180 балистички ракети врз Израел. Инаку на крајот на 2023 година Украина побарала од САД, меѓу другото, и противракетниот систем „ ТХААД“, но досега Киев не ги добил овие системи, соопшти денеска Униан, пренесува Танјуг.
Ново на Сител
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај
-
Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран
-
Николоски и Трајановски извршиле вонреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид
-
Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана