-->
-->
Уапсено лице од тетовско, возело со 190 км на час на место каде што е дозволено 80
-->
Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово вчера во 10.51 часот на патот Гостивар - Тетово, кај клучка Камењане, го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок, тетовско.
Како што сопшти МВР, при сообраќајна контрола и преземени мерки и активности било констатирано дека Б.М. управувал патничко моторно возило „ауди” со германски национални ознаки со брзина од 190 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица