Уапсени тројца од осудените криминалци кои вчера побегнаа пред да бидат префрлени во затвор на островот Крит
Грчката полиција на островот Крит доцна синоќа уапси тројца од петмината осудени криминалци, кои побегнаа од полицискиот оддел за трансфери при судот во Ханија, додека пак по другите двајца, потрагата продолжува, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката полиција соопштија дека апсењето било во градот Ираклио на Крит, во организирана акција, а паралелно започната е и внатрешна процедура за пет полицајци од конкретниот оддел поради бегството на криминалците.
Тројца од полицајците привремено се суспендирани од работа.
Порталот „Кретапост’“ објави дека побегнале четворица албански државјани и еден Пакистанец, а уапсени се тројца од Албанците.
Според истите информации, Пакистанецот е осуден на три доживотни затворски казни за три убиства, на доживотна казна за кражба и убиство е осуден и еден од Албанците, двајца од Албанците се осудени за трговија со дрога и еден за кражба.
Криминалците во саботата биле пренесени во Ханија, а вчера наутро требале да бидат спроведени во затвор, но неколку часа претходно, под нејасни околности, успеале да побегнат.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче