Уапсени наркодилери во Скопје и Гостивар
Ноќеска во 01,15 часот, од полициски службеници од СВР Скопје на булеварот “АСНОМ“, бил приведен А.Ш.(21) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
Претходниот ден во 01,15 часот, полициски службеници од СВР Скопје, од подрачјето на Гази Баба ги лишиле од слобода Б.А.(25) и А.Н.(27), двајцата од с.Арачиново- скопско затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во Полициската станица Гази Баба.
Во 22,15 часот, полициски службеници од СВР Скопје, во централното градско подрачје го лишиле од слобода Д.К.(36) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. Тој бил приведен во Полициската станица Центар.
Вчера во 19,45 часот во Гостивар на улицата “Живко Брајковски“ полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода М.Ф.(23) и Ш.Љ.(23) двајцата од Гостивар затоа што кај нив била пронајдена марихуана.
Претходно во 12,25 часот во Гостивар на улицата “Гоце Делчев“ полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода З.С.(23) и 16 годишник, двајцата од Гостивар затоа што при извршен преглед кај нив била
пронајдена марихуана
. По целосното документирање на случаите, против лицата ќе следи соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања
-
Таравари најави дека до петок ќе каже како ќе се решава проблемот со хируршките сали
-
Невреме во Тетовско
-
Вчерашното невреме зад себе остави пустош низ Скопје