-->
-->
Уапсени баба и внук- им стигнала дрогата која ја нарачале преку интернет
-->
Во Бјеловар, Хрватска се уапсени 75-годишна жена и 20-годишно момче поради дрога која им стигнала по пошта од Германија, јавува полицијата.
Како што пишуваат медиумите, утврдено е дека и двајцата живеат во Бјеловар и дека преку една платформа на интернет нарачале дрога од Германија.
Во понеделникот во поштата во Бјеловар го подигнале пакетот во кој се наоѓале 1.534 грама опојна дрога, амфетамин (спид) и 1.023 парчиња екстази, а дрогата била наменета со цел да се продава.
Откако пакетот бил подигнат, тие биле уапсени, а дрогата била одземена.
Најверојатно станува збор за баба и внук, но таа инфорамција не е потврдена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови