-->
-->
Уапсен жител на Требиште - нападнал полицајци
-->
Жител на долнореканското село Требиште е лишен од слобода, под сомениение дека го нарушил јавниот ред и мир и нападнал полициски служебници.
Според СВР Тетово, ноќеска (7 септември), половина час по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 57-годишниот И.И. од долнореканско Требиште.
Тој се однесувал агресивно и физички ги нападнал полицајците кои дошле по пријава за нарушување на јавниот ред и мир во Здравствениот дом „Русе Бошковски“ во село Ростуше.
Приведениот таму дошол, бидејќи во установата болнички од „ковид-19“ се лекувала неговата сопруга.
Се расчистува и документира случајот, по што против И.И. ќе следува соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани