Уапсен убиецот кој пукаше во штипското кафуле и неговите помагачи во бегството, сите се турски државјани
Со неколку куршуми му пресуди сред штипското кафуле – 25 годишен турски државјанин е убиен синоќа од страна на 21 годишник, исто така од Турција.
На видеото од безбедносните камери во кафулето може да се види убиството-налик акционен филм, напаѓачот влегува во кафуето и со пиштол испукува неколку куршуми во сега веќе починатото лице и излегува од кафулето. Гостите во паника почнуваат да бегаат, а неколку доаѓаат да пружат и прва помош на 25 годишникот во кој беше пукано. Тој подоцна во Штипската болница им подлегнал на повредите.
Лицето што пукаше се дава во бегство. Неговото возило полицијата се обидува да го застане кај наплатната рампа Миладиновци, но тој ја зголемува брзината, ја крши рампата и продолжва да вози. Полицијата го уапси и него, и неговите помагачи во бегството.
Во 22.15 часот на наплатната рампа Миладиновци, во заедничка акција на СВР Штип, СВР Скопје и сообраќајната полиција, било запрено патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, во кое биле А.Х., Т.М., О.М. и А.О., при што А.Х. се дал во бегство, а другите лица биле лишени од слобода. Набргу, по преземени мерки, тој и сторителот К.К. биле пронајдени и лишени од слобода.
Од Обвинителството соопштија дека лицето кое пукаше е уапсено, а пронајдено е и оружјето. И во текот на денешниот ден јавниот обвинител постапува.
Од лице место подигнати се чаури и други траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телото на починатиот е дадено на обдукција. Обезбедени се и прегледани снимки од видео надзор. Се преземаат и други дејствија за обезбедување докази, а увидните дејствија на локацијата ќе продолжат и денеска, соопштија од Обинителството.
Како бил регулиран престојот на турските државјани, институциите најавуваат информациите за во текот на денот.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар