-->
-->
Уапсен Раде Шербеџија
-->
Актерот Раде Шербеџија минатата недела бил уапсен во Калифорнија поради возење во пијана состојба, пренесе американскиот портал TMZ, повикувајќи се на извори од полицијата. Сепак, Шербеџија за српските медиуми го негирал ваквиот настан.Како што соопшти порталот TMZ, Шербеџија, бил уапсен откако полицијата минатиот викенд добила повици од неколку луѓе кои наводно забележале дека актерот со својот автомобил неправилно се движи по улиците.
Кога го сопреле, полицајците во неговиот автомобил пронашле отворено шише виски, а, како што наведува, Шербеџија бил видно пијан.
Преку алкотест било утврдено дека познатиот актер во крвта има поголема количина на алкохол од дозволеното, по што бил приведен во полициска станица за да се отрезни. По неколку часа, Шербеџија бил ослободен од притвор со кауција.
Актерот не се огласил во американските медиуми со цел да ги негира ваквите наводи, пренесе TMZ.
Сепак, Шербеџија за српски „Блиц“ изјавил дека се работело само за рутинска контрола и дека платил парична казна на самото место.
„Немаше никаков прекршок во возењето. Тие ме застанаа рутински, а бидејќи имав испиено три чаши вино, тестот за алкохол беше малку над дозволената граница“, изјавил актерот за „Блиц“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Поради здравствени причини откажано обраќањето на премиерот Мицкоски на македонско-српскиот форум во Скопје
-

Муцунски на состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО во Брисел
-

Македонско-српски бизнис форум во Скопје на кој ќе присуствува и премиерот Мицкоски
-

Песков: Не разгледуваме привремено новогодишно примирје во Украина
-

Намалена видливост поради магла на Стража и на патот село Гајре – Попова Шапка
-

Собранието ќе ја одржи 72. седница, на дневен ред избор на претседател на ДКСК
-

Осомничениот за пукањето во Вашингтон обвинет за убиство од прв степен и напад
-

Трамп ја запира имиграцијата од 19 неевропски земји
