Собранието ќе ја одржи 72. седница, на дневен ред избор на претседател на ДКСК

Собранието денеска треба да ја одржи 72. пленарна седница. На дневен ред се повеќе предлог - одлуки меѓу кои и онаа за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. За претседател на Антикорупциска е предложен актулениот генерален секретар на комисијата Адем Чучуљ.
На предложениот дневен ред се и двата предлози за формирање на Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во Република Северна Македонија, предложена од владеачкото мнозинство за трагедиите во Кочани, Модуларната болница, Дурмо турс и Ласкарци и Предлог на одлука за формирање на Анкетна комисија за трагичниот настан во Кочани, март 2025 година, предложена од Левица, СДСМ и ДУИ.
На оваа седница на дневен ред се и предлог за избор на членови на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, избор на член на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, Предлог на одлука за објавување јавен оглас за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Предлог на одлука за објавување јавен оглас за именување на директор и заменик на директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Пратениците треба да се изјаснат и за Предлог на закон за ратификација на Договорот за соработка во областа на одбраната помеѓу Владата на Француската Република и Владата на Република Северна Македонија, за дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Северна Македонија, за измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност, за предлог на закон за претворање на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Македонија - Скопје, сите во второ читање.
На дневен ред се и Предлог на среднорочна програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2026 - 2030 година и Предлог на закон за изменување на Изборниот законик, по итна постапка.
По скратена постапка се предлага да се донесат закон за изменување и дополнување на Законот за градење, законот за изменување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, законот за изменување на Законот за средното образование, како и измените и дополнувањата на Законот за основното образование.
МИА
Ново на Сител
-

Намалена видливост поради магла на Стража и на патот село Гајре – Попова Шапка
-

Собранието ќе ја одржи 72. седница, на дневен ред избор на претседател на ДКСК
-

Осомничениот за пукањето во Вашингтон обвинет за убиство од прв степен и напад
-

Трамп ја запира имиграцијата од 19 неевропски земји
-

Претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките планини и снег
-

Ѓорѓиевски: Ќе работиме со МВР и општините да се зголеми опфатот на камерите од „Безбеден град“
-

Како „Везилка“ ќе ја ткае паметната иднина? | Димитар Трајанов и Пешевски | Sitel Podcast 129
-

Филипче: Вечерва ќе побарам да се повлечат сите членови на ИО, новите членови ќе бидат избрани за две недели
