Уапсен еден осомничен за нападот во Истанбул
Турската полиција уапси маж осомничен дека ја поставил бомбата што експлодира на прометната пешачка улица во Истанбул, изјави утринава турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
Тој рече дека првите наоди од истрагата укажуваат дека за смртоносниот напад се одговорни курдските екстремисти.
Во вчерашната експлозија на авенијата Истиклал, популарна туристичка дестинација со продавници и ресторани во близина на познатиот плоштад Таксим во Истанбул, загинаа шест лица, а повеќе десетици беа повредени.
– Набргу по детонацијата, полицијата уапси едно лице за кое се верува дека ја поставило експлозивната направа, потврди министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, пренесе агенцијата Анадолија.
Иако не го откри идентитетот на осомничениот, Сојлу рече дека во врска со експлозијата се приведени уште 21 лице и потврди дека првите наоди од истрагата упатуваат на ПКК и нејзиниот огранок во Сирија ПИД.
Ново на Сител
-
Намалена видливост поради магла на Стража
-
Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна
-
Во Скопје се одржа трет протестен марш „Кој е следен“
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Шкендија нов лидер вo ПМФЛ
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист