Уапсен 34-годишен Македонец, откако учествувал во страшна сообраќајна несреќа во Грција
Уапсен 34-годишен возач на камион од Македонија вчера попладне во Грција, откако учествувал во страшна сообраќајна несреќа во која животот го загубија татко и неговиот 13-годишен син. Трагедијата се случила на стариот магистрален пат Солун – Верија, околу 16 часот.
Според информациите на грчкиот портал protothema.gr, до несреќата дошло на делницата меѓу Халкидони и Лудија, каде под сè уште неразјаснети околности дошло до жесток фронтален судир меѓу камионот и патничко возило во кое патувало четиричлено семејство.
Во судирот, 44-годишниот возач на автомобилот починал на самото место, а неговиот 13-годишен син им подлегнал на повредите кратко потоа. 43-годишна сопруга и нивниот 9-годишен син се здобиле со тешки повреди и биле веднаш пренесени со возило на итната медицинска служба ЕКАБ во болницата „Гениматас“ во Солун.
Според близок роднина на семејството, трагедијата се случила додека се враќале од патување и шопинг во Солун кон нивниот дом во едно село во регионот Пела. Роднината вели дека семејството е во целосен шок, а точните причини за несреќата засега остануваат непознати.
Фотографиите од местото на трагедијата, објавени од protothema.gr, прикажуваат целосно деформирано возило, што сведочи за силата на ударот. Грчката полиција продолжува со истрагата за да ги утврди причините за фаталната несреќа.
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години