Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини
Концертот на британската поп-ѕвезда Роби Вилијамс, закажан за 7 октомври во Истанбул, е откажан поради безбедносни причини.
Концертот беше закажан на истиот ден како и годишнината од нападот на палестинското исламистичко движење Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, што ја предизвика војната во Појасот Газа.
Компанијата што го организира концертот соопшти дека е откажан „во согласност со одлуката донесена од канцеларијата на гувернерот на Истанбул“, додавајќи дека враќањето на билетите наскоро ќе се изврши преку платформата каде што се купени.
Вилијамс на својот Инстаграм профил денеска напиша дека неговиот настап е откажан од градската администрација на Истанбул „во интерес на јавната безбедност“.
– Многу ми е жал што нема да можам да настапам во Истанбул следната недела. Општинските власти го откажаа концертот во интерес на јавната безбедност. Последното нешто што сакам да го направам е да ја загрозам безбедноста на моите обожаватели. Нивната безбедност е на прво место, наведува Вилијамс.
Неколку невладини организации во изминатите денови ги повикуваа турските власти да го откажат концертот, вклучувајќи ја и Платформата за исламска солидарност, која планираше протести под слоганот „Роби Вилијамс, ционисту, напушти ја Турција!“.
Роби Вилијамс е во брак со актерката со еврејско-американско потекло Ајда Филд. Вилијамс настапи во Израел во 2015 и 2023 година. За време на концертот во јуни 2023 година, Вилијамс рече дека тој и неговата сопруга ги одгледуваат своите деца според еврејските традиции.
Вилијамс досега не дал никакви директни изјави за терористичкиот напад врз Израел од 7 октомври 2023 година или за масовниот одговор на Израел во Газа.
МИА
Ново на Сител
-
Репортажа: Една поинаква мистична Турција - Низ срцето на Анадолија со богатства под заштита на УНЕСКО
-
Од почетокот на месец октомври 2.267 сообраќајни прекршоци
-
Францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, Макрон ја прифати
-
Уапсен поранешниот министер за одбрана на Црна Гора
-
Продолжува потрагата по двајца хрватски државјани затрупани во лавина во Словенија
-
Облачно и ветровито до среда, потоа следува стабилизација на времето
-
Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа
-
ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје: Водоснабдувањето постепено се стабилизира, екипите работат на терен