Турскиот претседател во посета на Србија
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа пристигна во посета на Србија и денеска се сретна со претседателот Александар Вучиќ, кој го пречека на аеродромот, нарекувајќи го „драг пријател“, пренесуваат српските медиуми. Ердоган пристигна во Белград како дел од тридневната посета на регионот.
Вучиќ имаше тет-а-тет средба со Ердоган, на која разговарале за билатерални, регионални и глобални прашања. „Како и секогаш, имав одличен, пријателски и отворен разговор со Ердоган“, напиша Вучиќ на Инстаграм профилот „Будуќностсрбије“.
„Разменивме мислења за сите прашања кои се од значење за нашите две земји, како и за актуелните геополитички предизвици на регионално и на глобално ниво“, додаде Вучиќ. По средбата на двајцата лидери ќе следи пленарна средба на делегациите, а потоа ќе бидат потпишани голем број договори за соработка меѓу двете земји.
Пред Белград, Ердоган престојуваше во Сараево, а денеска, по завршувањето на посетата на Србија ќе отпатува и во Хрватска каде ќе присуствува на свеченото отворање на новата џамија и Исламскиот центар во Сисак.
Ново на Сител
-
Хрватскиот претседател Милановиќ во официјална посета на Македонија
-
Мицкоски до полицијата: Правдата мора да дојде преку непоткуплива полиција, чувајте ја Македонија
-
СДСМ Куманово обвинува дека Максим Димитриевски е фатен во огромна корупција
-
Дали Македонија напредува на патот кон ЕУ?
-
Жителите на Кривогаштани на протест, не даваат реконструкција на 2 моста додека не се најде алтернативен пат
-
Преглед на вестите од светот
-
Полагање на државна матура 2025 година - Смислија ли надлежните нови механизми за да се спречи препишувањето?
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар