Македонија
11. August 2016 - 11:18

Турски воени авиони нападнаа цели на ПКК во Северен Ирак

Турски авиони-ловци нападнаа цели на курдските бунтовници во северниот дел на Ирак, по серијата напади во Турција, во кои беа убиени најмалку 12 лица.

Воздушните напади се извршени вчера во реонот Синат-Хафтанин, само неколку часа откако турски воени возила беа нападнати во близина на границата со Ирак, при што загинаа четворица војници. Други осум лица загинаа во бомбашки напади врз полициски автомобили во Југоисточна Турција, соопштија безбедносни извори.

Насилството во југоисточниот дела на Турција се зголеми по прекинот на двегодишното примирје меѓу турската држава и Курдската работничка партија (ПКК) во јули 2015 година. ПКК е прогласена за терористичка организација од страна на САД, ЕУ и Турција.