-->
-->
Турски сили гранатираа село под контрола на сириските Курди
-->
Турски тенкови гранатираа село во северниот дел од Сирија кое е под контрола на сириските Курди, соопшти сирискиот Центар за човекови права. Гранатирањето било извршено ноќеска.
Пукано било врз селото Зор Магхар во провинцијата Алепо на границата со Турција.
Турската армија синоќа презеде трета серија удари од воздух врз бази на ПКК во севрен Ирак. Цел на нападите бил камп на ПКК во реонот на Хакурк што се користи како логистичка база за обука, објави Милиет.
Весникот наведува дека тоа е една од стратешките бази на ПКК во северен Ирак. Во изминатите денови, како што јавуваат турски медиуми биле убиени над 50 раководни членови на таа терористичка организација, и повеќе од 100 се ранети.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Андоновски: Нова дигитална стратегија
-
Мицкоски: Излезете на гласање
-
Филипче: Секој глас се брои
-
Шукова: Се гледаме во вториот круг
-
Ѓорѓиевски: Да ја завршиме работата уште во првиот круг
-
Започна имунизацијата против сезонски грип
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ со митинзи во Илинден, Петровец, Бутел, Чучер Сандево