Балкан
17. January 2017 - 17:29

Турската полиција го уапси терористот кој уби 39 лица во ноќен клуб во Истанбул

 Во операцијата на турската полиција е приведен извршителот на крвавиот напад на новогодишната ноќ во клубот „Реина“ во Истанбул, Узбекистанецот Абдулгадир Машарипов, кој уби 39 и повреди 66 лица. 

Убиецот бил уапсен кратко по полноќ во домот на неговиот пријател Киргистанец, кој живее во истанбулскиот кварт Есенурт. 

Според податоците од турската полицијата, убиецот од „Реина“ пристигнал таму пред три дена.  Заедно со него приведени се уште четири лица, меѓу кои и жени. Синот на терористот, кој е на четири ипол годишна возраст, исто така бил со него. 

Според полициски извори, целта на напаѓачот била концентрирана главно во Истанбул, бидејќи органите на редот располагале со информации дека тој не го напуштил градот.

Операцијата на турската полиција е оценета како голем успех. 

Одговорноста за нападот во ноќниот клуб „Реина“ ја презеде ИД.