Туристите се сексаат кај ќе стигнат
Последните неколку дена забележани се повеќе случаи на секс на јавни места, а тоа не се само плажите и бротчињата кои се омилено место за таква активност во Хрватска, пишува хрватскиот портал "24 sata".
На тераса пред кафуле
Љубовници од Австрија, 40 годишна жена и две години помлад маж се фрлиле во акција пред зора, на тераса пред кафуле во Ровињ. Поради неморал завршиле на суд и се признале. Сексот на јавно место ги чинел околу 200 евра.
Во парк на клупа
Млад пар не можел да се воздржи во паркот опкружен со згради во центарот на Крижевац. Им пребало половина час, а потоа си заминале секоја на своја страна. Се се одиграло околу шест часот наутро, а имале и публика. Инаку клупите во тој парк се честа мета на парови во налет на страст.
Во автомобил
Ниту преполниот паркинг во загребската населба Стењевац не и пречеше на една двојка. Почнале да се сексаат околу 18 часот во автомобилот. Нивната страсна авантура ја посматрале минувачи кои се нашле тука во исто време.
На автобуска станица
Посетителите на Пензионерскиот дом во Мурско Средиште се залепиле на прозоревот кога карши нивната зграда на автобуската станица, млад пар се сексал околу 18 часот. На двојката не и пречело тоа што ги гледаат пензиониерите како и минувачи и возачи кои се труделе да бидат пристојни и да не зјапаат во нив,
Пред најпознатиот сплитски споменик
Пред споменикот на Гргур Нински во Сплит се одиграл врел полноќен секс. На млада двојка од Австралија не им пречело тоа што ги гледале навивачи и ги бодреле гласно додека менувале пози.
На скалите од продавница
Два часа траеле воздишките и мешањето на скалите од една напуштена продавница во центарот на Загреб. Се покриле со јакни, само нозете им се гледале. Почнале околу 14 часот, а два часа подоцна ги пркинала полицијата. Мажот обеснел па ги гаѓал полицаците со шишиња.
На хауба
Полицијата кај Врањското езеро наишла на шокантна глетка при ноќната патрола. На хаубата од автомобилот свештеник имал секс со својата љубовница. Иако ситуацијата била повеќе од јасна, свештеникот се обидувал да ги увери полицајците дека „само нешто се расправале“.
Ново на Сител
-
Украина: Русија нема да престане додека не биде запрена
-
Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања
-
Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки