Турција навестува затоплување на односите со Израел
Турскиот претсеател Реџеп Таип Ердоган навести денеска можно затоплување на односите со Израел, нагласувајќи дека нормализацијата на односите меѓу двете држави би била од корист за регионот.
Односите меѓу Израел и Турција се прекинати откако во 2010 година израелската морнарица нападна флотила која се движеше кон Газа при што беа убиени девет турски државјани. По инцидентот Анкара стана најостро ги критикува израелските операции во Газа, а обидите за помирување на државите повеќе пати пропаѓаа.
Ердоган на пат кон Туркменистан им изјави на новинарите дека „нормализацијата со Израел“ е можна доколку двете држави постигнат договор за обештетување за жртвите на нападот и ако Израел ја прекине блокадата против Палестинците.
– Таков процес на нормализација би бил од корист за регионот, изјави Ердоган.
Ново на Сител
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката
-
Филипче повика на натпартиска стратегија
-
Мицкоски: Злоупотребите во Државна лотарија се многу повеќе од 8 милиони евра
-
Мицкоски: Многу контроверзни изјави го одбележаа судењето за 27 април
-
Неетичко и нечовечно е поскапувањето на основните производи, кажа Мицкоски
-
Законот за нефер трговски практики стапува во сила на први јануари
-
Целосно исплатени заостанатите субвенции кон земјоделците