Турција ќе одговори на сите закани кои произлегуваат од курдскиот референдум

Турскиот премиер Бинали Јилидрим изјави дека неговата Влада е подготвена да даде решителен одговор доколку се појават закани по национална безбедност на земјата како резултат на референдумот за независност во ирачки Курдистан.
- Нашите чекори ќе бидат усогласени со Багдад. Ќе контактираме само со централните ирачки власти по сите економски прашања. Доколку се појави опасност по нашите граници или по нашите војници во странство, ние ќе одговориме најрешително, изјави Јилдирим. Турскиот премиер додаде дека и Иран, заедно со Турција и Ирак, прави се што може за да се минимизираат последиците од кризата предизвикана од референдумот на ирачките Курди, кои во понеделникот масовно се изјаснија за независна држава.
Турција и самата се соочува со повеќедецениски конфликт со курдската заедница и поради тоа референдумот во ирачки Курдистан предизвика голема загриженост. Јилдирим веќе најави дека економските односи, пред се извозот на нафта од големите курдистански полиња, ќе се одвива единствено преку ирачката Влада во Багдад, а не преку курдистанските власти.
Ново на Сител
-

Илјадници белграѓани пречекаа студенти од Нови Пазар кои пешачат кон Нови Сад на комеморативен собир в сабота
-

Ванс: Примирјето меѓу Израел и Хамас се почитува и покрај судирите во Газа
-

Сончево со мала до умерена облачност, температура до 20 степени
-

Лажни се сите дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово
-

Ураганот Мелиса остави хаос во Јамајка и се упати кон Куба
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Парискиот мировен форум
-

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина
-

Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде чисто
