Трошоците на живот во март повисоки за 1,6 проценти на годишно ниво
Трошоците на живот во март во однос на февруари годинава не се променети, а споредено со март минатата година бележат пораст од 1,6 проценти. Цените на мало, според објавените податоци на Државниот завод за статистика, во март во однос на февруари годинава бележат намалување за 0,1 процент, а во однос на март лани пораст за 2,9 проценти.
Пораст на индексите на трошоците на животот во март 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7,1 процент, житата за 1,6 отсто, замрзнатото овошје за 1,2 отсто, компирот за 0,9 отсто, млекото за 0,8 отсто, сирењето и урдата за 0,5 отсто, другите пекарски производи за 0,3 отсто и трбушките за 0,2 отсто.
Во март годинава пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај телефонската и телефакс-опремата за 3,3 проценти, предметите за лична хигиена и здравје за 1,2 отсто, услугите за лична хигиена за 1,1 отсто, средствата за чистење и одржување на станот, туристичките пакет-аранжмани за 0,9 отсто,...
Пораст на трошоците на живот има и кај обувките за 0,7 отсто, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0,6 отсто, големите електрични апарати, услугите за култура за 0,5 отсто, облеката, материјалите за одржување и поправки на станот, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, велосипедите за 0,4 отсто, други услуги поврзани со станот, неспоменати на друго место, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање, услугите за сместување за 0,3 отсто, текстилот за домаќинствата, алатитe и опремата за куќа и градина, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа, градините, растенијата и цвеќињата за 0,2 отсто.
Намалување на индексите на трошоците на животот во март 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај оризот за 1,5 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 1,1 отсто, другите прехранбени производи за 0,9 отсто, месото за 0,7 отсто, јајцата за 0,6 отсто, рибата и морските плодови, јогуртот за 0,5 отсто, сушеното, соленото и чаденото месо за 0,3 отсто.
Статистиката регистрира намалување на индексите на трошоците на живот и кај течните горива за домаќинствата за 3,7 отсто, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 3,2 отсто, болничките услуги за 3,1 отсто, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2,7 отсто, книгите за 2,6 отсто, гасот за домаќинствата за 2,5 отсто, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 2,3 отсто, авионскиот превоз на патници за 1,6 отсто, информатичката опрема за 1,3 отсто,..
Ново на Сител
-
Неколкумина повредени откако автомобил удри во група луѓе во Штутгарт
-
Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција
-
Туристичкиот остров Бали остана без струја
-
Ирскиот регулатор за заштита на податоци го казни ТикТок со 530 милиони евра
-
Грег Попович се повлекува од функцијата тренер на Сан Антонио Спарс
-
Земјотрес од 7,4 степени според Рихтер ја погоди Аргентина, издадено предупредување за цунами
-
Трамп: Планирам да му го укинам на Харвард даночното ослободување
-
Принцот Хари ја изгуби правната битка со британската влада околу полициска заштита