Аракчи: Трамп мора да престане со непочитување кон Хамнеи доколку искрено сака нуклеарен договор со Иран
Шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, му порача на американскиот претседател Доналд Трамп дека доколку е искрен во својата намера да постигне нуклеарен договор со Иран, мора да престане со својот „непочитувачки и неприфатлив тон“ кон врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.
Во објава на мрежата X утрово, Аракчи нагласи дека Трамп треба да престане „да ги повредува милионите свои искрени следбеници“ за да го отвори патот за можен договор, јавија британските медиуми.
Хамнеи пред два дена, во првата своја реакција по 12-дневната војна, објави дека Иран го добил конфликтот со Израел и му честиташе на иранскиот народ за победата.
Потоа Трамп го повика врховниот лидер на Иран да „ја каже вистината“ откако Хамнеи прогласи победа над Израел и САД.
„Видете, вие сте човек со голема вера, човек кој е многу почитуван во оваа земја. Мора да ја кажете вистината. Вие бевте претепани до крај, а и Израел беше претепан. Двете земји беа претепани и беше вистинско време да се стави крај на тоа“, рече Трамп во тоа време.
Ново на Сител
-
Приведен малолетник од Скопје, со употреба на сила одзел пари од едно лице
-
Има одредени зголемувања на цените во малопродажба, во големопродажба цените се вратени како пред одлуката, вели директорот на ДПИ
-
Лос Анџелес се раздели со Оливие Жиру
-
Димитриеска-Кочоска: Проектот за пругата од Коридорот 10 е комплексен, до 7 јули банките треба да ги достават понудите
-
Приведен 41-годишен велешанец, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
Умеров: Украина може да произведува четири милиони дронови годишно
-
Приведени тројца возачи, управувале со возило под дејство на алкохол
-
Од понеделник потопло со пораст на дневните температури