Судот го одби барањето на Нетанјаху за двонеделна пауза во судењето

Окружниот суд во Ерусалим ја одби молбата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за двонеделна пауза во судењето за корупција, откако Државното обвинителство се спротивстави на оваа иницијатива.
Во соопштението, судијката Ривка Фридман-Фелдман наведува дека барањето, поднесено од адвокатот на Нетанјаху, Амит Хадад, „не обезбедува доволно детална основа или оправдување што би можеле да го оправдаат одложувањето на изведувањето докази“.
Претходно, израелското обвинителство изрази противење на барањето на Нетанјаху за двонеделна пауза во неговото судење, наведувајќи дека бавното темпо на неговото сведочење и претстојниот летен одмор не се оправдани причини за прекин.
Адвокатот на премиерот, Амит Хадад, претходно изјави дека Нетанјаху бара пауза за да може да се посвети на „дипломатски, национални и безбедносни прашања од прв ред“, во услови на неодамнешната војна со Иран, која заврши во вторникот, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Според адвокатот, овие прашања опфаќаат и „управување со војната во Газа и решавање на прашањето со заложниците“.
Како одговор, Обвинителството истакна дека „општите причини наведени во барањето не можат да оправдаат откажување на две недели судење, особено пред претстојната сезона на одмори“.
Обвинителството потсети дека веќе се направени измени за подобро усогласување со обврските на премиерот, вклучувајќи го и одобрението да сведочи двапати неделно наместо трипати.
Нетанјаху се соочува со судење во три случаи на корупција, во кои е обвинет за примање мито, измама и злоупотреба на доверба.
Тој ги негира сите обвиненија, тврдејќи дека тие се измислени како политички удар од страна на полицијата и државното обвинителство.
Ново на Сител
-

Николоски: Преговорите за превозниците за Шенген зоната се во тек и ќе завршат во септември
-

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД
-

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика
-

Во ФЗОМ дијалог за зголемување на платите во здравство
-

Трамп е блиску до донесување одлука за започнување голема војна на Блискиот Исток, шансите се 90%
-

Поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини во завршните зборови пред судот во Хаг
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
