-->
-->
Тројца загинати, 12 исчезнати во поплавите во источна Кина
-->
Три лица загинаа, а 12 се исчезнати во невремето што синоќа ја зафати југозападна Кина, соопштија кинеските власти.
Како што пренесуваат странските агенции, во областа Мијанинг во провинцијата Сичуан, две лица загинале кога две возила паднале во река, а три лица се водат како исчезнати.
Во една населба од истата област, уште едно лице го загуби животот за време на невремето, а на група од деветмина жители на таа населба и се губи секоја трага, соопштија надлежните, кои евакуираа околу 7.500 луѓе како резултат на природната непогода.
Повеќе од 20 луѓе ги загубија животите во јужна Кина за време на годинашните сезонски дождови, кои предизвикуваат поплави и излевање на реките.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна
-
Две нови дигитални услуги достапни преку националниот портал uslugi.gov.mk
-
Украдена биста од гробишта во Скопје
-
Прекината седницата на Советот на Град Скопје на која се очекуваше да се расправа за дивоградбите во Чаир