Тројца велешани заболени од салмонела
Во текот на првите 11 дена од месецов во Велес и околината биле регистрирани 32 лица со дијареја и повраќање, а кај тројца од нив е потврдено присуство на бактеријата салмонела.
Ова го изјави Билјана Трајкова, епидемиолог од ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес, која рече дека пациентите кај кои е потврдено присуство на салмонела меѓу другите симптоми развиваат и дијареа.
- Затоа сите лица со вакви симтоми како дијареја и повраќање треба одат на лекар за навремено лекување, потенцира Трајкова.
Таа истакна дека салмонелата се пренесува преку контаминирана храна и затоа посебно во овие летни денови храната треба добро да се мие и термички обработи и да се води сметка на хигиената посебно на рацете по одење во тоалет.
Инаку, според евиденцијата на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Велес, во текот на јули во поширокиот велешки регион биле регистрирани 65 случаи со дијареја и повраќање и четворица пациенти кои биле затруени од храна. Од нив најголемиот број 51 биле од Велес.
Д-р Трајкова рече дека состојбата е вообичаена за овој период од годината. Таа посочи дека за разлика од пред пет шест години кога имало и до 700 случаи на пациенти со ентероколити и помал број на труења со храна.
- Бројката на пациенти со вакви симптоми сега е повеќепати намалена, а тоа се должи на поголемата грижа на граѓаните за здравјето, одржувањето лична хигиена, како и за храната. Засилените санитарни инспекции на сендвичари и пицерии, и построгите казнени мерки повеќекратно ги намали ваквите случаи со салмонела, труења со храна и ентероколити. Но, тоа не значи дека граѓаните не треба да бидат претпазливи што и од каде консумираат храна и како ја подготвуваат во своите кујни, потенцира д-р Трајкова.
Ново на Сител
-
Софија бара ослободителна пресуда за основачот на клубот „Ванчо Михајлов“
-
Побаран притвор за поранешните директори
-
Воведени се драстични промени во работата по скандалот на Онкологија, смируваат од клиниката
-
Мајмунски сипаници потврдени кај двајца 40-годишници од Скопје, не се познавале и не патувале надвор
-
Бислимовски: Одлуката на Уставниот суд може да доведе до поскапување на парното
-
Одбележани 76 години од основањето на УКИМ - наградени најдобрите студенти
-
Преглед на вестите од светот
-
Д Фестивал годинава со хуман карактер за настраданите во кочанската дискотека