-->
-->
Тројца сопатници повредени во судар на автомобил и автобус во кратовско Кетеново
-->
Вчера во 09.15 часот во село Кетеново, кратовско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(40) од Скопје и автобус „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Т.(25) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Љ.И.(57) од Скопје, сопатник во патничкото возило, додека Д. К.(83) од Скопје и Г.Ј.(24) од Скопје, исто така, сопатници во патничкото возило, се здобиле со телесни повреди.
Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болницата „Св.Наум“ каде им била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Кратово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор