-->
-->
Тројца малолетници осомничени за 12 кражби во Тетово
-->
Секторот за внатрешни работи Тетово целосно расчисти 12 тешки кражби и ќе изготви соодветен поднесок по член 236 од Кривичниот законик против 3 малолетни лица од Тетово на возраст од 13 до 16 години.
Тројцата малолетници се сомничат дека во периодот од февруари до 20 април годинава со употреба на сила влегувале во продажни и угостителски објекти во централното тетовско подрачје и одземале пари или разновидни производи.
Малолетниците, истовремено, не ја почитувале и забраната за движење за што ќе им биде поднесена пријава за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Митинг на СДСМ
-
Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ
-
Скапата терапија проблем за лицата со ретки болести
-
Преглед на вестите од светот
-
Ветото ја кочи ЕУ, отпор кон предлогот на Кошта за квалификувано мнозинство
-
Советниците на Град Скопје ја завршија последната седница за нецели 5 минути и заминаа на коктел
-
Мицкоски и Филипче се обивнуваат за црна кампања