Тројца дилери приведени во Скопје
По претреси во Скопје, приведени се тројца дилери.
Во првиот случај, вчера, на 10.10.2024 во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(36) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја, соопшти МВР.
Вториот настан се случил денеска во 00.30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(52) од Скопје. По добиена судска наредба, извршен е претрес во домот во кој престојува на подрачјето на Кисела Вода, во неговото возило „тојота“, како и во подрумските простории кои лицето ги користи, при што биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, семки од растението канабис, различни видови таблети и две дигитални ваги.
Додека при третиот претрес, денеска (11.10.2024), полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода и Џ.А. од Скопје. По претходно добиена судска наредба, беше извршен претрес и во неговиот дом на подрачјето на Гази Баба, при што беа пронајдени и одземени неколку тегли и неколку други пакувања со марихуана и дигитална вага.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави до ОЈО.
Ново на Сител
-
По предлог на Вајц, одложено гласањето за предлог-извештајот за напредокот на Македонија
-
ДУИ поднесе интерпелација за претседателот на Уставниот суд
-
ВРЕДИ се уште нема став за една изборна единица
-
Анкетна комисија за Кочани
-
Економскиот раст е добар показател, се бара решение за инфлацијата
-
Договорците во здравството година и половина чекаат решенија – од Здравство тврдат дека постапката е во тек
-
Скопје остана без приватни превозници, тврдат дека ЈСП им должи два и пол милиони евра
-
Судовите се неажурни во работата, нерешени им стојат 150 илјади предмети