-->
-->
Тројца битолчани тешко повредени, со возило излетале од пат
-->
Три лица се тешко повредени, а едно здобило телесни повреди откако вчера со патничко возило излетале од патот.
Како што соопшти МВР, повредените се од Битола, а несреќата се случила на патот од село Новаци кон селото Брод во Општина Новаци.
Случајот е пријавен вчера попладне. Со патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки управувал Љ.Т. (54) кој заедно со сопатниците Т.Н. (51) и З.Т. (38) е тешко повреден, додека кај З.С. (50) се констатирани повреди. Четворицата се пренесени во Клиничка болница Битола, а увид на местото извршила екипа на СВР Битола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Деца пронајдени во бесознание
-
Јаневска најави ревизија на универзитетите
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Атанасовски, невролог во ГОБ „8ми Септември“
-
100 години Прилепска пиварница
-
Мицотакис: Имаме „оружје“ за тактиките на Мицкоски, ама не го откриваме
-
Воена помош и оружје - Донесен украински пакт за помош на Украина на НАТО самитот
-
СДСМ обвинува дека со кредитот државата оди во политичко заложништво, за власта ова се најповолни услови досега