-->
-->
Трикратниот убиец од Кавадарци доби затворска казна од 40 години
-->

Трикратниот убиец Тони Станоев од Кавадарци за три кривични дела доби затворска казна од 40 години, соопшти денеска во Основниот суд во Велес судијката Тања Милева која преседаваше со Судскиот совет во Велес.
Милева појасни дека вината е од трет степен, а е во согласност со законските норми односно со Правилникот за начинот за одмерување на казната.
- Станоев е виновен од трет степен и затоа му изрековме затворска казна од 40 години. Тој бил осудуван и за други дела, се дал во бегство, два дена се криел, за имал пријави од неговиот татко и роднините на сопругата за семејно насилство, појасни судијката Милева.
Инаку, Тони Станоев на 9. ноември минатата година со по еден истрел од пиштол „ЦЗ 79“ 9 м.м кој со дозвола го поседувал, ладнокрвно ги убил Илија, Билјана и Снежана Леови, таткото, мајката и сестрата на неговата сопруга Данче.
Тони Станоев беше фатен три дена по убиството на гробиштата во Кавадарци на погребот на убиените, кога сакал да ја убие и својата сопруга.
Во психијатриското вештачење стручњаците утврдија дека Станоев бил пресметлив кога го извршил трикратното убиство, што беше еден од доказите во постапката.
Инаку, блиските на убиените изјавија дека не се задоволни од ваквата пресуда бидејќи, Тони Станоев пет години ги малтретирал и на крај и ладнокрво ги убил нивните блиски роднини и затоа од надлежните бараат доживотен затвор за убиецот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Шведска планира затворски центри за криминалци на возраст од 13 години поради растот на криминалот на бандите
-

Алиоски нема да биде на располагање за дуелот со Велс
-

Отворен ден за граѓаните утре на Неврологија, без упат ќе се врши бесплатен доплер на каротидни артерии
-

Уапсен ограбувачот на филијали за брзи кредити
-

Поради невремето две големи дрвја паднаа во Капиштец, целосно го блокираа сообраќајот кај Козара
-

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога
-

Уапсени двајца полицајци соучесници на грабежот во златара во Гостивар
-

Уапсен директорот на Комунална хигиена
