Трик во кујната: Како да ја отстраните непијатната миризба на кромид
Готвењето најчесто претставува задоволство, но има моменти кога ви доаѓа преку глава- на пример во ситуации кога сечеме кромид. Покрај солзите кај кромидот ни смета и мирисот кој останува на рацете и откако ќе ги измиеме добро. Како да се ослободиме од тој мирис?
Решението е лимон. Доволно е да ги покиснете рацете во сок од лимон. Рацете ќе ви мирисаат пријатно и свежо, бидејки состојките од лимон го неутрализираат непријатниот мирис на кромидот.
Второ решение би било оцет да промешате со вода, откако ќе ја нанесете смесата на рацете измијте ги со малака вода.
Исто така може да направите смеса од кујнаска сол и вода, со која добро ќе ги истриете рацете. Освен што ќе ја неутрализирате миризбата, оваа смеса ќе послужи и како практичен пилинг за раце.
Ново на Сител
-
Кога Владата официјално ќе го предложи Азир Алиу за нов министер за здравство?
-
За три децении 18 министри за здравство – Tаравари со два мандати, Tодоров најдолго во министерската фотеља
-
Две обвиненија за скопските криминални банди - вршеле нарачани убиства, тргувале со дрога
-
Почна сослушувањето на родителите за трагедијата во „Пулс“
-
СДСМ обвинува за партиски зделки во МВР
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинување за Филипче
-
Дипломатски активности за деблокада на европските интеграции
-
Стојанче Ангелов менува директорска позиција - Ќе го спасува ДЗС од агонија