Триесет тони сол фрлени на улиците во Кисела Вода
На улиците во општина Кисела Вода фрлени се 30 тони сол низ улиците. Со специјализирани возила за зимско одржување, се чистеше и во текот на вчерашниот и на денешниот ден.
Од Општина Кисела Вода информираат дека покрај фирмата “Анизор” која беше ангажирана од страна на општината, во справувањето со снежните наноси се ангажирани и сезонски работници, а на терен, е и кризниот штаб од општината. Расчистени се приодите околу градинките и училиштата, како и автобуските постојки каде вообичаено има повеќе луѓе.
Екипите на зимската служба, како што стои во соопштението, се подготвени со доволно сол и за нови поголеми врнежи од снег. Тие ќе ја следат состојбата и понатаму и доколку се појави потреба ќе реагираат согласно со условите на теренот.
Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради, што е нивна законска обврска, со што ќе се овозможи проодност и непречен пристап до објектите.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица