-->
-->
Триесет приведени во полициска акција против крадци на автомобили во Бугарија
-->
Во Бугарија во тек е специјална полициска акција со цел да се спречи кражба и нелегална продажба на автомобили. Во акцијата досега се приведени 30 лица.
Акцијата започна во Перник, каде се очекуваат клучни апсења, а во тек се претреси на куќи, гаражи и отпад од автомобили, пишува порталот „Новините“.
Освен во Перник, акцијата се спроведува и во Софија, Варна, Ќустендил и Дупница.
Предмет на интерес на акцијата, по налог на Обвинителството, се уредите што ги користи автомафијата за отклучување и палење автомобили.
Според неофицијални информации, акциите во Варна се поврзани со пробивање на каналите за извоз на украдени автомобили од земјава, кои се пренесуваат на Блискиот Исток и Русија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претепано дете, се тепале малоллетници па се вмешале и роднини
-
Се запали автобус на ЈСП
-
Гужви на „Богородица“ и „Табановце“ - се чека повеќе од еден час
-
Овчарски кучиња искасале Германка во Стрезимир
-
Јаневска: Квотите на факултетите ќе се дефинират според анализа на пазарот на трудот
-
Извршил „разбојничка кражба“ во продавница, го уапсиле па нападнал полицаец
-
По судар со „БМВ“, „поло“ удрило двајца пешаци и паркирано „рено“
-
Со мотор удрил во отврена шахта, тешко повреден 69 годишен скопјанец