Македонија
20. July 2024 - 12:03

Со мотор удрил во отврена шахта, тешко повреден 69 годишен скопјанец

Тешко повреден 69-годишен скопјанец кој со мотор удрил во отворена шахта.

- На 18.07.2024 во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на тротоар од бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, мотоцикл управуван од А.Б.(69) од Скопје удрил во отворена шахта, соопшти МВР.

Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Увид бил извршен.