Македонија
20. July 2024 - 12:55

Се запали автобус на ЈСП

Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие се запали на Железничката станица во Скопје. Според првичните информации пожарот избил во задниот дел кај моторот, по што веднаш била повикана Противпожарна бригада, со што се спречило негово проширување.

Во моментот на несреќата, во автобусот немало патници.