Бизнис
21. November 2015 - 17:07

Трибина на институтот Павел Шатев за легализација на дивоградбите

Уште една можност за легализација на дивоградбите. Владата го продложи рокот со што на граѓаните им се дава шанса  да добијат катастарски имотен лист на свое име.

Се што треба да направат е да поднесат барање за легализација  чиј рок истекува  на 31 март, да изготват елаборат и да го достават  најдоцна до крајот на декември следната година.

Надлежните очкуваат голем број на нови барања. За 4 години колку што постои проектот, поднесени се 350 ијади барања,  135 илјади се позитивно решени.

Продолжен е и рокот за легализација на терасите а државата им нуди помош на социјално ранливите категории.

Веќе еден месец  функционира и црвеното копче во управата за имотно-правни односи. Над 250 компании но и физички лица пријавиле дека имаат проблеми со имотот, а најголем дел од нив се однесуваат  на приватизацијата.

На трибината огранизаирана од институтот Палвел Шатев посветена на имотно-правните проблеми на граѓаните,  се разговараше и за откупот на дворно земјиште, кој се покажал како успешен проект.

Поднесени се 230 000 барање за приватизација на дворното место по цена од едно евро за метар квадратен .