Три жртви на „смртоносните летала“

Три лица, меѓу кои и две деца, загинаа во Индија, откако вратовите им бил пресечени со конци обложени со стакло на кои се прикачуваат леталата што деновиве масовно се пуштаат во земјата во рамките на прославите за одбележување на Денот на независноста.
Според индиските медиуми, двете деца, на возраст од две и четири години, загинале во два одвоени инциденти, кога конците „остри како нож“ им ги пресекле вратовите, додека стоеле низ отворените покриви на автомобилите на нивните родители.
Третата жртва е 22-годишен маж, кој загинал на идентичен начин додека се возел со својот мотоцикл.
Многу Индуси пуштаат летала за разни празници, но секоја година расте бројот на инцидентите во кои гинат луѓе од опасните конци што се употребуваат за да се постигне поголем ефект со леталата.
Станува збор за специјални „стаклени конци“, што во Индија се нарекуваат „манџа“, кој се изработуваат на тој начин што на обичен конец му се нанесува стаклен прав. На овој начин конецот станува остар како нож.
Весниците јавуваат дека од едно вакво летало во Њу Делхи бил повреден еден полицаец, па властите уште претходно забранија изработка на летала со „стаклен конец“
За непочитување на оваа забрана е предвидена казна од околу 1.500 американски долари, што е реалтивно висока за индиски прилики,
Организациите за заштита на животните укажуваат дека освен луѓето, од ваквите летата страдаат и птиците. Според нивни проценки, неколку илјади птици угинуваат секоја година во „сезоната на леталата“ со убиствените конци.
Ново на Сител
-

Почувствуван земјотрес во североисточниот дел на Македонија
-

Сведочења на лекари и оштетени пред Судот во случајот „Онкологија“
-

Тошковски подложен на хируршка интервенција, МВР продолжува непречено и ефикасно да функционира
-

Одложени судски рочишта против Мерко и за родилката од Дебар, парична казна за адвокатот на првообвинетите
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ немаше јасна стратегија за Балканот, доцнеше зад САД, а и денес преферира двојни стандарди
-

Сузбиена криминална група инволвирана во вршење на кривично дело криумчарење мигранти
-

Јаневска: Студентите овој месец ќе ги добијат средствата за студентски оброк
-

Трет ден расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
