Три политички партии веќе доставиле листи за изборите на 12 април до ДИК
До Државната изборна комисија (ДИК) до денеска кандидатски листи доставиле три политички партии. Рокот за доставување листи за претстојните предвремени избори на 12 април завршува утре на полноќ. Портпаролот на ДИК Адмир Шабани за МИА вели дека и покрај состојбата со корона вирусот и мерките што се преземени, ДИК продолжува да работи, но истовремено ги почитува и мерките на Владата.
-Постапуваме по заклучоците на Владата. Едукацијата на избирачките органи е одложена, а ќе се постапи и по укажувањата да се замени медицинскиот персонал во ОИК и Избирачките одбори. Ние продолжуваме со работа. Како ќе се постапи понатаму зависи од одлуките на Владата и од она што ќе биде исход од утрешната средба на лидерите, рече Шабани.
До ДИК до денеска листи доставиле Работничката партија за шест изборни единици, ГДУ за пет изборни единици и Глас за Македонија за пет изборни единици.
Најголемите политички партии во земјата веќе ги соопштија и ги презентираа носителите и кандидатските листи. ДИК, како што потенцира, Шабани утревечер до полноќ, како што е предвидено со Деловникот за работа за изборите на 12 април ќе ги прима листите од учесниците на изборите.
Вечерва на полноќ, пак, завршува рокот за увид во Избирачкиот список и за пријавување на дијаспората за гласање на предвремените парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра
-
Државата им плаќа да студираат на престижни универзитети, ама не го користи нивниот потенцијал
-
ЕУ очекува уставни измени и почитување на Преспанскиот договор од новата Влада
-
Ибраимовски демантира дека им се заканувал по живот на уставните судии