Три насилници, меѓу кои и еден малолетен, претепале стружанец во Старата чаршија
Основното јавно обвинителство Струга поведе итна постапка и по обезбедување на доказите поднесе Обвинителен предлог против две полнолетни лица од селото Радолишта, кои се обвинети дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Соизвршител на истото дело бил и еден малолетник од истото село за кого ќе биде поведена постапка согласно Законот за правда на децата.
На 21 јуни тројцата извршиле грубо насилство врз еден оштетен во Старата чаршија во Струга. Инцидентот започнал како вербална расправија меѓу оштетениот и обвинетите, а кога тој се обидел да им избега стравувајќи од физички напад, му паднал мобилниот телефон. Оштетениот се вратил да си го земе телефонот, но тоа го искористиле обвинетите, го турнале на земја и почнале да го удираат по целото тело со тупаници и клоци. Жртвата бара помош од случајни минувачи, но застанал само еден автомобил, а возачот излегол и им рекол на обвинетите да го пуштат оштетениот. Повреден, со гребаници и набиеници по главата и телото, оштетениот се сокрил во близок кафе бар додека да стигне полицијата, по што бил пренесен најпрво во струшката, а потоа во охридската болница на лекување.
Со поднесеното обвинение надлежниот јавен обвинител предложи продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата полнолетни сторители, кои освен што извршиле насилство врз оштетениот, предизвикале и чувство на загрозување и страв во јавноста.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати