Три лица загинаа при експлозија на бомба на пазар во Тајланд
Мотоцикл бомба експлодираше на пазар во тајландската покраина Јала во понеделникот при што загина тројца а ранети се уште 22 луѓе, соопшти портпаролот на командата на внатрешните безбедносни опарации (ISOC).
Мнозински муслиманските покраини Наратуиват, Патани и Јала на ткн. „длабок југ“ на Тајланд кон границата со Малезија сцена на долготраен бунт на малајските муслимани кои се борат за автономија, во кој од 2004 година речиси 7.000 луѓе, главно цивили, ги загубија животите.
„Криминалците ставиле бомба во мотоцикл и го оставиле покрај количките на пазарот. Поради силната експлозија три лица ги загубија животите“, изјавил Промоте Пром-ин, портпарол на ISOC, владини безбедносни сили кои дејствуваат во регионот Јала.
За овој нападот на пазарот кој е посетуван и од мулсиманите и од будистите, уште никој не ја преземал одговорноста. Според локалните медиуми, во близина на експлозијата имало продавница за свинско месо во која пазареле будисти, па се смета дека тие биле цел на нападот.
Тајландскките воени власти настојуваат да ги заживеат преговорите со бунтовничките групи кои ги покрена претходната цивилна власт, но засега нема резултати.
Отпорот кон будистичката власт во Бангкок во мнозински муслиманските јужни покраини трае со децении, иако во 1990-те години кус период стивна, но повторно избувна во 2004 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на О. Кисела Вода
-
Тренчевска: 12 илјади пензионери нема да добијат покачување на пензиите
-
Без ефикасен систем за управување со отпад, државата ризикува од поголеми финасиски и еколошки штети
-
По две недели, трагедијата во Кочани во центар на вниманието на пратениците
-
Распит на сведоци и вештачења за пожарот во Кочани
-
Еден од најтешко повредените во дискотеката во Кочани е подобар, тројца и понатаму се во критична состојба
-
Таравари пред одлука: Дали вреди да се биде во „Вреди“
-
30 дневен притвор за обезбедувањето на Мицкоски се обидел да земе 50.000 евра за службените документи